Дома Фудбал Англија Играчите на Челзи ќе добијат бонус од 10 милиони

Играчите на Челзи ќе добијат бонус од 10 милиони

Играчите на Челзи ќе поделат бонус од 10 милиони евра за триунфот во Лигата на шампиони.

Лондонските „сини“ во финалето го победија фаворизираниот Манчестер Сити со 1:0 и втор пат во историјата ја освоија Лигата на шампиони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Уште после елиминацијата на Реал Мадрид во полуфиналето од клубот им биле ветени 5 милиони евра, а после синоќешниот успех „сините“ ќе поделат дополнителни 5 милиони евра.

Имено, овој бонус бил договорен уште на почетокот на сезоната, кога малкумина веруваа дека Челзи може да стигне до ваков успех.

Интересно е што сопствениците на Манчестер Сити им понудија на играчите бонус од 15 милиони евра при евентуален триумф во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Ендрик го постигна првиот гол за Лион

Фудбалерите на Лион обезбедија место во осминафиналето на францускиот Куп. На гостувањето …