Според неколку медиуми во Италија, играчите на Интер ќе се откажат од своите бонуси за да и помогнат на екипата во тешките финансиски проблеми предизвикани од пандемијата со коронавирусот.
Како и било кој друг европски клуб, Интер трпи последици од пандемијата со коронавирусот, со празните стадиони и ниските приходи од трансферите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште во ноември извршниот директор Марота откри дека играчите се согласиле да ја одложат исплатата на платите за јули и август за да му помогнат на клубот во оваа тешка финансиска ситуација.
Сега наводно е одлучиле да не ги земат премиите кои ги следуваат во случај на освојување на Скудето.
Со оглед дека имаат 13 бода повеќе од Аталанта, се поизвесно е дека овој тим ќе биде нов првак на Италија, а тоа може да се случи веќе овој викенд. На Нероаѕурите им е потребна победа против Кротоне во сабота, но и пораз на Аталанта од Сасуоло.
Ова ќе биде нивни прво Скудето после 2010. година, кога под водство на Мурињо ја освоија Серија А и ЛШ.