Дома Фудбал Играч на Барса го сруши светскиот рекорд. Погледнете, ако можете, погодок со 230 на час

Играч на Барса го сруши светскиот рекорд. Погледнете, ако можете, погодок со 230 на час

ФЕРМИН ЛОПЕЗ (20), играчот од средниот ред на Барселона, во 36. минута од натпреварот против Шахтјор, направи подвиг за историјата на Лигата на шампионите и светскиот фудбал. Откако асистираше за првиот гол на својот тим, спектакуларно го постигна вториот, за победа од 2:1.

Тој ја испрати топката во голот со најбрзиот удар досега. Од работ на шеснаесетникот ја шутираше топката во голот со 230 километри на час.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова е апсолутен рекорд кога се во прашање головите во кои се мерела брзината на траекторијата на топката.

Фермин далеку зад себе го остави досегашниот рекордер Рони Хеберсон од Спортинг Лисабон, кој постигна гол со брзина од 210 на час.

Трет е Арјен Робен, кој погоди со шут од 190 на час, потоа Стивен Рид со 189, додека петти е Роналд Куман со гол постигнат со 188 км/ч.

Голот погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит: Гвардиола чудно го гледаше новинарот, а потоа му постави едно прашање

Овој викенд Манчестер Сити очекува дуел во шеснаесеттина финалето на ФА купот против ниско…