Дома Трансфер зона Игра слабо, а прави трансфер на кариерата: Берарди пред преселба во…

Игра слабо, а прави трансфер на кариерата: Берарди пред преселба во…

Наполитанците не се откажуваат од намерата да ја донесат во своите редови ѕвездата на Сасуоло, Донемико Берарди, пренесуваат италијанските медиуми.

Притоа, медумите на Чизмата тврдат дека шансите Берарди да се пресели во Наполи уште во јануарскиот преоден рок не се воопшто мали.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Берарди оваа сезона игра под своето ниво, како и целиот тим на Сасуоло, и има само еден гол во Серија А. И покрај тоа Наполи сака да го доведе на „Сан Паоло“ и веќе спремиле понуда за јануарскиот преоден рок.

„Матино“ пренесува дека Наполи е спремен во Сасуоло да ги испрати дефанзивците Лоренцо Тонели и Никола Максимовиќ за да го добие потписот на крилниот напаѓач.

Максимовиќ пред една година беше платен 28 милиони евра, но не успеа да се избори за место во тимот, а Тонели воопшто не е во плановите на тренерот Маурицио Сари.

Останува да видиме како ќе реагира Сасуоло на ваквата понуда, но „зелено – црните“ најверојатно ќе бараат и одредена сума на пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…