Дома Фудбал Германија Иван Перишиќ разочаран од потегот на Баерн

Иван Перишиќ разочаран од потегот на Баерн

Иван Перишиќ претходното лето од Интер премина во Баерн на едногодишна позајмица.

Интер одлучи да го пушти Перишиќ на позајмица во Баерн со надеж дека ова лето ќе го откупат неговиот договор, но тоа нема да се случи. Баварците одлучија Перишиќ да се врати во Интер, бидејќи после доаѓањето на Сане стана вишок во оваа екипа.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Перишиќ во дресот на Баерн оваа сезона одигра 31. натпревар и постигна шест погодоци. Во екипата ќе остане до крајот на ЛШ, а потоа ќе се врати во Интер каде сигурно нема да се задржи долго.

Германските медиуми пишуваат дека Перишиќ е разочаран од управата на Баерн бидејќи го отпишале иако беше извесно дека останува во клубот. Но, кога Сане пристигна во Баерн се’ се промени, а на Перишиќ му беше пренесено дека договорот нема да биде откупен.

На неговаа позиција покрај Сане играат уште и Гнбри и Коман, па јасно е зошто Баерн не одлучи да го задржи. Така, Перишиќ се враќа во Интер, но се чини само за кратко.

Наводно, тој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед каде ќе оди како размена за Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Левандовски испиша историја📷

Барселона има водство по првото полувреме против Брест во Лигата на шампиони, а стрелец на…