Дома Трансфер зона Ибрахимовиќ ја потврди ситуацијата со Зиркзе и ги разочара навивачите на Милан

Ибрахимовиќ ја потврди ситуацијата со Зиркзе и ги разочара навивачите на Милан

Холанѓанецот Џошуа Зиркзе нема да се пресели во редовите на Милан, потврди Златан Ибрахимовиќ.

Зиркзе беше голема желба на „росонерите“, но на крајот изгледа ќе заврши во Манчестер Јунајтед кој сега е најблиску до неговиот потпис.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ибрахимовиќ најави дека Милан сега ја разгледува опцијата за друг играч, меѓутоа не го откри неговото име.

„Имаме неколку опции и не брзаме. Трансфер периодот е отворен неколку месеци и можам да ветам дека ќе имаме засилувања. Преговараме, но не сме реализирале се уште ниту еден трансфер. Ќе потврдам дека Зиркзе е минато, имаме друг фудбалер на ум“, изјави Ибрахимовиќ.

Зиркзе во овој момент со Холандија на Европското првенство каде што го очекува полуфинале против Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Роналдо го носи Де Брујне во Ал Наср

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот и кариерата да …