Златан Ибрахимовиќ се најде во центарот на нов скандал откако претходно влезе во проблем поради судирот со главниот директор на Милан, Иван Газидис.
Напаѓачот на Милан во овој момент се наоѓа во Шведска каде што се опоравува од повредата, а вчера се појави на стадионот на Хамарби за да го гледа натпреварот на својот тим против Остерсунд. Хамарби победи со 2:0, а Златан по завршувањето на средбата се симнал во соблекувалната да им честита на фудбалерите и така се најде скандал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета“ утрово пишува дека Ибрахимовиќ на тој начин ги прекршил правилата бидејќи поради мерките против коронавирусот во соблекувалната можат да влегуваат само играчите и лицата за одржување на истите.
Ќе потсетиме, во Шведска од појавувањето на пандемијата од корнавирусот 52.383 луѓе беа позитивни, а 4891 лица починаа.
И во шведските медиуми исто така се пишува за оваа ситуација, а некои тврдат дека Шведскиот фудбалски сојуз би можел да отвори истрага против Ибрахимовиќ за овој потег.
„Не би сакале да ги откриваме деталите за истрагата, но таа е во тек“, изјави Матс Енквист, главниот адвокат на Фудбалскиот сојуз на Шведска.