Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ се налути на ФИФА: Заработувате на моето име без да ме прашате!

Ибрахимовиќ се налути на ФИФА: Заработувате на моето име без да ме прашате!

На напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ му пречи што се појавува во ФИФА, а никој не го прашал и не се договорил со него за користење на неговиот лик.

„Кој дал дозвола на ФИФА и „ЕА Спортс“ да го користи моето име и лице? ФИФпро? Не знам дека сум член на ФИФпро и ако сум тоа е под некој чуден маневр. Сигурно не сум дал некаква дозвола да заработите користејќи ме мене. Некој заработува на моето име без некаков договор сите овие години. Време е за истрага“, порача Ибрахимовиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ибрахимовиќ ги прозва одговорните сега чека одговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…