Златан Ибрахимовиќ стави точка на расправијата со Ромелу Лукаку и дури му испрати покана да дојде на Сан Ремо.
Ибрахимовиќ оваа недела ќе биде специјален гостин на италијанскиот фестивал Сан Ремо, а денес даде интервју за италијанските медиуми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Немам личен проблем со Лукаку, тоа што се случи останува на теренот. На терен се случуваат такви работи кога сме со жешки глави, но се останува таму. Добредојден е да дојде на Сан Ремо“, изјави Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ за неговиот повик за Санремо: „Кога Амадеус ми се јави, веднаш реков да. Што ме чека? Амадеус ми рече да не се грижам и да бидам смирен, морам да бидам себе си”.
„Контроверзии со Леброн? Расизмот и политиката се две различни работи. Ние спортистите го обединуваме светот, политиката го дели светот“, заклучи Ибра.