Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Не е нормално Милан толку долго да е надвор од елитата

Ибрахимовиќ: Не е нормално Милан толку долго да е надвор од елитата

Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Кориере дело Спорт“ зборуваше за своите цели и за целите на Милан оваа сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ибра и на 39 години блеска во дресот на Милан и покажа дека се уште е еден од најдобрите играчи во Серија А.

Швеѓанецот вели дека неговата цел е секогаш да биде на врвот.

„Да се биде втор значи да бидеш прв меѓу последните“, изјави Ибрахимовиќ.

„Не сакам да си поставувам лимити, никогаш не го правам тоа. Сакам да го дадам најдоброто од себе и да го извлечам најдоброто од соиграчите. Дојдов во Милан бидејќи ова е најтешкиот предизвик во мојата кариера. Не е нормално Милан толку долго да биде надвор од елитата. Со должна почит, кога ја видов Аталната во Лига на шампиони, а Милан не, дојдов да го променам тоа“, изјави Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвезда заработува 15 милиони евра, но ќе ја намали платата за да се врати во Германија!?

Џејдон Санчо би можел летово да се врати во Борусија Дортмунд. Раководството на клубот нав…