Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Le Journal“ застана на страната на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со кога е добар пријател.
Швеѓанецот е вакциниран, па го објасни неговиот избор и направи споредба со случајот на Ѓоковиќ, кој помина вистински пекол во Австралија и остана без можност да ја брани титулата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Вакцинација од здравствени причини не е исто како и вакцинација за да можеш да играш тениски турнир. Луѓето кои се вакцинираат го прават тоа затоа што сметаат дека тоа е најефикасен начин за да се заштитат. Но, секој има свое мислење. Луѓето не треба да бидат натерани да се вакцинираат. Јас се вакцинирав затоа што верувам дека е најдобар начин да се заштитам себе, а не за да можам да играм фудбал“, вели Ибрахимовиќ.