Златан Ибрахимовиќ иако има 35 години, тој сепак е најдобар играч на Манчестер Јунајтед и од ден на ден го демантира своите критичари.
Вчера на мечот против Сандерленд, Ибра го постигна првиот гол, што за него беше јубилеен. Имено, тоа беше 250 погодок за Швеѓанецот, во периодот откако наполни 30 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После тоа контровезниот Ибракадабра даде изјава со која ја разбранува целата Англија.
„Тренирам напорно и верувам во себе, знам што можам да направам. Не сум загрижен за годините. Колку сте постар, толку имате поголемо искуство, поинтелигентен сте и не ја губите енергијата на работи кои не ви требаат. Се чувствувам како Бенџамин Батон. Сум се родил стар и ќе умрам млад“, изјави Ибра.