Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ибра откри: Шансите да играм во Русија се многу големи

Ибра откри: Шансите да играм во Русија се многу големи

Златан Ибрахимовиќ уште еднаш потврди дека има намера да настапи за репрезентацијата на Шведска на Светското првенство во Русија.

Напаѓачот на ЛА Галакси го напушти националниот тим после ЕП 2016. година, но повторно изрази желба за враќање.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ибра на Твитер испрати јасна порака дека има намера да игра на Мундијалот во Русија.

„Шансите да играм на Светското првенство се многу големи.“ – напиша Ибрахимовиќ.

Златан е најдобар стрелец на репрезентацијата на Шведска на сите времиња со 62. погодоци во 116. одиграни натпревари, а ја носеше капитенската лента од 2010. година, се до неговото повлекување.

Шведска на СП ќе игра во групата Ф, а за противници ги има Германија, Мексико и Јужна Кореја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Челси се вклучува во битката за Семењо

Челси остварил контакт со Борнемут за Антоан Семењо. Лондонскиот клуб ги прашал при кои ус…