Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ истакна дека уште во својата прва сезона во клубот ја „освоил Англија“ и дека за тоа му биде потребни само три месеци.
Ибра минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“ од ПСЖ, па иако многумина беа скептивни поради неговата возраст, тој се покажа како едно од најдобрите засилувања и до сега има постигнато 18 гола за „црвените ѓаволи“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мојата цел е главниот трофеј, Премиер лигата. Индивидуалните работи доаѓаат како дел од целта, тоа е како бонус за секој играч. Ако на колективот му оди добро тогаш и индивидуалците ќе играат добро. Се обидувам да му помогнам на тимот и го правам тоа што го знам најдобро, да постигнувам голови и да создавам шанси за соиграчите. Се додека го можам тоа, знам дека ќе бидам од помош за мојот тим“, истакна Ибрахимовиќ.
„Немам цели како индивидуалец, бидејќи тоа веќе го остварив и после само три месеци во Англија. Ја освоив Англија, а за тоа ми беа потребни само три месеци“, заклучи 35-годишниот напаѓач.