Цел фудбалски свет беше разочаран поради трагедијата со аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала.
Додека во фудбалскиот свет преовладува тага, некои луѓе се грижат и за економскиот дел. Познато е дека Нант ги побара парите од трансферот на Сала.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Свој дел чека и Бордо кој има 50% право од трансферот според неговиот претходен договор.
Меѓутоа сега се појави и трета страна (трет клуб). Шпанска Мајорка смета дека и тие бараат пари.
Во прашање е Мајорка каде што Сала играше во сезоната 2006/2007 кога имаше само 17 години.

Во јавноста се огласи претседателот на Мајорка, Армандо Перез Коста кој смета дека треба да добијат компезација за тренинг.
„Според правилата и ние имаме право на дел од сумата. Нашиот тим ќе остане во контакт со правната служба на ФИФА и ќе видиме што може да се направи“, изјави Коста.