Дома Фудбал Репрезентации И покрај најавите, стартниот состав на Вентура ја изненади италијанската јавност

И покрај најавите, стартниот состав на Вентура ја изненади италијанската јавност

Репрезентацијата на Италија вечерва на домашен терен ќе го одигра реванш натпреварот против Шведска за пласман на СП во Русија.

Сигурно вечерва на „Сан Сиро“ не очекува спектакуларен меч бидејќи, Шведска славеше со 1:0 во првиот меч. На Италијаните им се заканува можност да го пропуштат Мундијалот, што ги запали сите можни аларми на Апенините.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Голема еуфорија владее во Италија, јасно е дека „Аѕурите“ ќе имаат голема поддршка од своите навивачи. Промените во состабот ги најави Вентура веднаш по поразот во Шведска и јасно е дека ќе се игра доста офанзивно. Сепак, и според најавите, стратегот успеа да ја изненади италијанската јавност со стартниот состав.

Италија: Буфон, Барзагли, Бонучи, Киелини, Дармиан, Пароло, Жоргињо, Флоренци, Кандрева, Габиадини, Имобиле

Клупа: Голини, Перин, Астори, Белоти, Едер, Бернардеши, Инсиње, Ругани, Запакоста, Ел Шарави, Де Роси

Шведска: Олсен, Агустинсон, Гранквист, Линделоф, Лустиг, Клаесон, Јохансон, Ларсон, Форзберг, Берг, Тоивонен.

Клупа: Дурмаз, Гуидети, Хеландер, Хохансон, Телин, Крафт, Норделфет, Олсон, Рохден, Сема, Свесон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер сити може да добие засилување од 80 милиони евра од Барселона!

Каталонскиот гигант Барселона би можел ова лето да биде доста активен на трансфер-пазарот,…