Дома Фудбал И покрај барањата на шеиците Лапорта игра по свое: Нема да патува во Доха на преговори

И покрај барањата на шеиците Лапорта игра по свое: Нема да патува во Доха на преговори

Раководството на катарскиот Ал-Сад побара од Лапорта лично да дојде во Доха по Чави, но изгледа тоа нема да се случи.

Претседателот на Барселона, како што пренесуваат шпанските медиуми нема да отпатува во Доха на состанок со Ал-Сад и место него ќе го прати потпретсдателот, Рафа Јусте и директорот Матео Алемани. Двајцата вечерва после натпреварот на Барселона против Динамо Киев би требало да се упатат кон Катар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нивната задача секако ќе биде да ја убедат управата на Ал-Сад да го пушти Чави во Барселона, воедно и ќе објаснуваат зошто претседателот Лапорта никогаш не патува за да заврши некој трансфер, без разлика дали тоа се работи за играч или тренер.

Од друга страна од Ал-Сад беа директни и прецизни:

„Ако сака Барселона да ја заврши операцијата со Чави на пријателски начин и без проблеми мора да дојде во Доха. Шеикот сака рамнопаравен договор со Барселона и не сака да преговара со никој друг освен со Лапорта“, гласеше нивната порака.

Останува да видиме дали ваквите различни ставови можат да направат и сериозен проблем за Чави да не се врати во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…