Дома Останати Тенис И Горан Иванишевиќ позитивен на коронавирус!

И Горан Иванишевиќ позитивен на коронавирус!

Поранешниот хрватски тенисер, Горан Иванишевиќ потврди дека е позитивен на коронавирус.

Иако во претходните денови беше негативен на Ковид-19 денес се огласи преку Инстаграм и потврди дека неговиот трет тест бил позитивен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„За жал, после два негативни теста во последните 10 дена само што ги дознав резултатите од денешниот трет тест и тој е позитивен на Ковид-19. Добро сум, немам симптоми. Сакам да ги известам сите кои биле во контакт со мене дека сум позитивен на Ковид и би ги замолил да ги превземат сите чекори за да се заштитат себе и нивните блиски. Јас продолжувам со претходно започнатата самоизолација. Им посакувам на сите заразени брзо опоравување“, напиша Хрватот.

Освен Иванишевиќ после Адрија Тур заразени се Димитров, неговиот тренер, Троицки, неговата сопруга, Борна Чориќ, Новак Ѓоковиќ, неговата сопруга Јелена…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ изговори зборови што никој не сака да ги слушне: Емоциите беа посилни од него по едно прашање

Новак Ѓоковиќ моментално се одмара во Грција и се подготвува за завршницата на сезоната, а…