Англиските медиуми денес лансираа „бомба“ и пренесуваат дека Арсен Венгер е силно заинтересиран за дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз.
„Сан“ пренесува дека „топџиите“ веќе спремиле понуда од 25 милиони фунти и ќе ја испратат до Челзи веднаш штом ќе биде отворен јануарскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
30-годишниот Бразилец штотуку се опорави од повредата на коленото и се очекува да се приклучи на тимот, откако паузираше шест недели.
Меѓутоа, помеѓу Конте и Давид Луиз има доста сериозен конфликт кој започна пред неговата повреда, па прашање е дали Италијанецот ќе го врати меѓу стартерите.
Давид Луиз му се заканил на раководството дека ќе побара трансфер доколку не добива минутажа од Конте. Покрај Арсенал интерес за него покажуваат уште Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.