Во луд натпревар во четвртфиналето од Лигата на шампионите Манчестер Сити славеше со 4:3 против Тотенхем, но и покрај тоа „граѓаните“ беа елиминирани.
Реваншот кој се одигра вечерва на „Итихад“ понуди невиден спектакл со дури седум гол и поништен гол на Стерлинг во судиското продолжение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ВАР ги растажи „граѓаните“ баш како и во 73-тата минута кога Љоренте постигна гол после нафрлувањето од корнер.
Долго се прегледуваше снимката бидејќи изгледаше дека напаѓачот на Спарси играл со рака, но судијата Чакир покажа на центарот.
Меѓутоа сега се појави снимка од агол од кој јасно се гледа дека играл со рака, но тоа сега не може да му биде од помош на Сити.
VAR will never be successful if idiots are using it.
The best replay that shows the ball hitting Llorente's arm, wasn't even shown to the referee.#MCITOT #UCL pic.twitter.com/f4RlQDR6lf
— Atishay Agarwal (@Atishay_Agarwal) April 17, 2019