Нашата селекција денес на гостински терен одигра само 27:27 против ракометната репрезентација на Украина.
Македонија беше апсолутно подобар противник, но Украинците на голот го имаа фантастичниот Чуприна кој во последната секунда одбрани зицер и спречи нашите момци на едно коло пред крајот да го обезбедат пласманот на Европското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Избраниците на Раул Гонзалес иако на стартот на првиот дел имаа негатива од 3:0, до крајот на полувремето одиграа одлично и дојдоа до четири гола предност (14:18).
На стартот на вториот дел стигнавме и до плус пет, што беше највисока предност, сепак не успеавме рутински да го приведеме мечот при крај и да ја сочуваме предност, па сега ќе мора да се победи Чешка во последното коло.