Манчестер Сити е шампион на Англија бидејќи во последното коло славеше против Брајтон со 4:1 и така ја задржа предноста во однос на Ливерпул.
Драмата и лудата сезона во Премиер лигата му припадна на Сити, додека едно од главните разочарувања во сезоната е Манчестер Јунајтед кој не успеа да се избори ниту за место во Лигата на шампионите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во неделата Јунајтед во последниот натпревар од сезоната на „Олд Трафорд“ беше поразен со 2:0 и со тоа продолжи агонијата на „црвените ѓаволи“, а еден навивач на трибините беше „кец на десетка“.
Тој носеше црвен дрес, а на неговиот грб пишуваше „Агуеро“.
Но, тоа не било обид да се исмејува Јунајтед или да се слави титулата на Сити, навивачот едноставно се вика Леонардо Агуеро и го испечатил сопственото име на дресот.

