Лука Модриќ веќе со години е еден од најдобрите играчи во светот.
Искусниот хрватски фудбалер изгледа дека кариерата ќе ја заврши во Реал Мадрид каде што е веќе девет години. Сепак, лесно можело да се случи да го облече дресот на Баерн. Карло Анчелоти сакал да го доведе во Баерн по доаѓањето во клубот во 2016 година, но не успеал во својата намера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тhe Athletic“ наведува дека Реал пред Баерн поставил „луда“ сума која Баерн не сакал да ја плати, па затоа Хрватот останал во Мадрид. Сумата засега не се открива.
Во овој момент Анчелоти е менаџер на Евертон, а во кариерата работеше во Реал, ПСЖ, Челзи, Милан, Јувентус, Парма и Реџиана.
Од друга страна Модриќ од 2012 година е член на Реал.
Во овој клуб ја доби наградата за најдобар играч во светот, освои апсолутно се и како што стојат работите би можел тука да ја заврши кариерата.