И покрај тоа што синоќа сите во таборот на ПСЖ се обидоа да ги негираат шпекуалциите дека Килијан Мбапе сака да го напушти клубот, денес француските медиуми продолжуваат да настојуваат дека односите помеѓу напаѓачот и клубот се крајно влошени.
Зошто Мбапе се чуствува изневерен од раководството и донел конечна одлука да го напушти клубот, одговор даде еминентниот весник „Екип“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во спортско-технички план Мбапе е незадоволен што не добива комплетна слобода да игра повеќе на крилните позиции, наместо во врвот на нападот.
Другата причина е што ПСЖ не донесол големи засилувања ова лето со кои ќе има пореални шанси да ја освои Лигата на шампиони. При преговорите за продолжување на договорот биле споменати имиња како Левандовски, Бернардо Силва и Милан Скриниар.
Паралелно со тоа клубот требало да се ослободи од Нејмар, бидејќи Мбапе сака да игра токму на позицијата од Бразилецот, а и двајцата не се во добри односи.
За да можат да бидат реализирани овие планови беше ангажиран Луис Кампос, кој и самиот призна дека не е задоволен од преодниот рок на парижаните.