Дома Фудбал Зошто Брајтвајт играше пред Гризман? Еве го објаснувањето на Куман

Зошто Брајтвајт играше пред Гризман? Еве го објаснувањето на Куман

Барселона во 17 коло од Примера славеше против Хуеска со 0:1 и дојде до петтата позиција на табелата.

После овој натпревар новинарите најмногу ги интересираше зошто тренерот на Барселона, Роналд Куман го остави Антоан Гризман на клупата за резерви. Прилика од првата минута пред Гризман доби Мартин Брајтвајт.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Верувам на секој играч, но ако одлучам да играм со тројца во средината тогаш мора да имам тројца во нападот. Тука секако е Меси, а овој пат решив со него да игра Дембеле. За третото место морав да бидам помеѓу Антоан и Мартин. Во последните недели на Мартин му оди многу добро, но оваа одлука не значи дека не му верувам на Гризман. Има доволно натпревари за сите фудбалери“, изјави Куман.

Гризман против Хуеска ги одигра последните девет минути од натпреварот. Ова е веќе втор пат во последните три натпревари Гризман да остане на клупата за резерви. Во победата против Ваљадолид (3:0) не доби прилика, а потоа против Еибар (1:1) беше заменет во 66. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го официјализира трансферот на Милинковиќ-Савиќ

Голманот Вања Милинковиќ-Савиќ се пресели од Торино во Наполи на заем, соопштија од клупск…