Дома Фудбал Знаете ли колку повреди имало во тимот на Реал оваа сезона?

Знаете ли колку повреди имало во тимот на Реал оваа сезона?

Реал Мадрид ја игра една од најтешките сезони во историјата на клубот.

„Кралевите“ останаа без шанси за освојување на трофеј во Лигата на шампионите и Копа Дел Реј од каде што се веќе елиминирани, а никој не верува дека можат да стигнат до титулата и во Ла Лига.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа сезона Реал има големи проблеми и со повредите. Во претходните седум дена повреди заработија, Лукас Васкез, Герет Бејл, Винисус и Дани Карвахал, така се продолжи низата на повредени фудбалери на овој клуб оваа сезона.

Повредата на Карвахал е вкупно 41-ва во таборот на клубот од Мадрид оваа сезона, Лекарскиот тим на Реал очигледно не работи баш најдобро, па повредите и тоа како влијаеа на играта на тимот.

Дури 21 играч се повредиле оваа сезона. Единствени кои избегнаа повреди се: Лука Модриќ, Дани Себаљос, Брахим Диаз и Феде Валверде.

Од тие 41 повреда, дури 29 биле со проблеми на мускулите. Карвахал поради повреда на задната ложа пропушти поголем дел од сезоната, а и Васекз поради сличен проблем не беше во комбинација за настап неколку недели.

Герет Бејл исто така повторно е надвор од теренот. Не е позната причината за отсуството, но во текот на неделата поради проблеми одвоено тренираше од тимот.

Поради тоа и не е толку чудно што „кралевите“ играат очајна сезона. Скоро во ниту еден момент Лопетеги и подоцна Солари немале комплетен состав на располагање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…