Дома Фудбал Знаете ли кога последен пат Барса прими „петарда“ во Шпанија и колку години имаше тогаш Меси?

Знаете ли кога последен пат Барса прими „петарда“ во Шпанија и колку години имаше тогаш Меси?

Барселона во вчерашниот натпревар претрпе пораз од тимот на Леванте (5:4) кој за каталонскиот клуб беше прв оваа сезона.

Еден од главните јунаци во победата со која ја спречија Барселона да стане првиот тим кој едно првенство Ла Лига го завршил без пораз беше нашиот интернационалец – Енис Барди!

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барди беше стрелец на два погодоци од кои едниот беше навистина прекрасен.

Навистина зачудувачки делува кога тим како Барселона ќе прими пет погодоци, па Шпанците одлучија да пребараат кога последен пат Барселона примила пет погодоци на еден натпревар во Шпанија.

Барселона последен пат пет гола на натпревар од Ла Лига примила во 2003 година, што значи пред 15 години!

Тогаш Каталонците беа поразени со 5:1 од тимот на Малага, а Лионел Меси кој денес е прва ѕвезда на тимот имаше само 16 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра виден во Лондон – Милано ќе стане централна точка на НБА во Европа!

Со секој изминат ден, сè сме поблиску до решението на идниот НБА проект во Европа, кој би …