Фудбалерот на Челзи, Хаким Зијеш притиска за заминување од Челзи.
Веќе извесен период се споменуваат тимови каде што Мароканецот би можел да ја продолжи кариерата. Последен кој сериозно се поврзува со Зијеш е италијанскиот шампион Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зијеш очигледно не бил задоволен од тоа како неговите агенти го застапувале па реши да го промени агентот и работата да ја заврши сам. Во официјално соопштение тој информираше дека во иднина самиот тој ќе се грижи за неговата кариера.
„Дојдов во перриод од мојот живот кога почувствував дека е правилно да преземам целосна контрола врз мојата професионална иднина. Сакам преговорите и одлуките во иднина да ги носам самиот јас. Заедно со помош на правни застапници ќе се обидам да се носам со оваа работа. Благодарен сум на поддршката“, стои во објавеното соопштение од фудбалерот.