Дома Фудбал Зидан: Судиите ни помагаат? Уморен сум од тие приказни

Зидан: Судиите ни помагаат? Уморен сум од тие приказни

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан истакна дека неговите играчи заслужуваат поголем респект.

„Кралевите“ и денес победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со гол од пенал, кој беше досуден после консултација со ВАР.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


После тоа дополнително се засилија нападите кон Реал Мадрид за наводен помош од судиите и наклонетост на ВАР системот.

„Зборуваат дека победуваме поради судиите, уморен сум од тоа. Моите играчи заслужуваат респект. Не може ништо да не поремети и да не оттргне од нашата цел. Нема да се опуштиме и да размислуваме за титулата додека не ја освоиме и математички“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бенфика го загуби мечот поради неверојатен автогол (ВИДЕО)

Бенфика не успева да пронајде победничка форма под Жозе Мурињо. Екипата на Каса Пја неочек…