Дома Фудбал Зидан отпиша двајца за денешниот натпревар

Зидан отпиша двајца за денешниот натпревар

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан отпиша двајца фудбалери за утрешниот натпревар во Ла Лига против Гранада.

Францускиот стратег оваа сезона многу ротира и често изненадува со изборот на екипата, односно со играчите кои ќе ги пречкрта за натпреварите, како во лигата, така и во Лигата на Шампионите. За денешниот натпревар против Гранада ги отпиша Винисиус и Васкез. Тие овој натпревар ќе го гледаат од трибините, а за разлика од натпреварот против Клуб Бриж во екипата се враќаат тројца.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тоа се Родригез, Бејл и младиот Родриго, кој ќе бидат ударната сила на „Кралевите“ на теренот. Реал има доста проблеми со повредите. Ги нема Начо, Марсело и Менди, па денеска на позицијата лев бек ќе игра Милитао или Одриозола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус одлучи: Ова е цената за која Влаховиќ може да замине!

Јувентус се обидува на различни начини да го продаде Душан Влаховиќ и така да оствари нека…