Ерата на Лионел Меси и Кристиано Роналдо, а еден од фудбалерите кои се очекува да доминира со следните години е Килијан Мбапе.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не крие дека е „заљубен“ во младиот Французин, а медиумите тврдат дека му наредил на раководството на „кралевите“ да го купат следното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утре Мбапе со својот ПСЖ ќе гостува на „Сантиаго Бернабеу“ во Лигата на шампиони, а тоа беше прилика Зидан да ја „отвори душата“ и да признае дека е заљубен во својот сонародник.
„Мбапе е заљубен во Мадрид? И јас сум во него. Доаѓа тука на важен тест со ПСЖ. Знаеме колку е важен за неговата екипа и ќе бидеме подготвени“, порача Зидан.
20-годишниот фудбалер веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а и самиот не крие дека еден ден сака да заигра на „Сантиаго Бернабеу“.