Дома Топ вести Зидан: Мбапе не крие дека неговиот сон е да игра за Реал Мадрид!

Зидан: Мбапе не крие дека неговиот сон е да игра за Реал Мадрид!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес одржа пресконференција пред мечот со Галатасарај во ЛШ, а една од темите беше евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе.

Медиумите во последно време засилено шпекулираат дека Реал е спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд за Мбапе, а Зидан не ја затвори вратата за својот сонародник.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Самиот играч носи одлука за својата иднина. Во овој момент Килијан игра за ПСЖ, но ќе видиме што ќе донесе иднината. Знам дека од секогаш говореше дека неговиот сон е еден ден да игра за Реал Мадрид“, изјави Зидан.

Иако Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година, „светците“ не сакаат така лесно да се откажат од својата ѕвезда.

„Паризиен“ објави дека ПСЖ е спремен да му понуди нов договор и да го направи најплатен фудбалер на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…