Реал Мадрид мака мачи со повредите оваа сезона.
Нови главоболку на Зидан му донесе повредата на Дани Карвахал. Само што се врати на терените дефанзивецот ја обнови повредата.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Карвахал сигурно ќе го пропушти натпреварот со Аталанта и утрешните прегледи ќе покажат колку точно ќе паузира. Ваквата ситуација го фрустрира Зидан.
„Неверојатно е колку проблеми со повреди имаме. Тоа некогаш не можам да го сфатам. Сето ова е многу фрустрирачки“, изјави Зидан.