Дома Фудбал Зидан за Јовиќ: Не е исто да играш за Реал, или во друг клуб

Зидан за Јовиќ: Не е исто да играш за Реал, или во друг клуб

Лука Јовиќ повторно е во центарот на вниманието откако постигна два гола на своето деби во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.

Јовиќ пристигна во Реал Мадрид како големо засилување за 60 милиони евра, но една година и половина постигна само еден гол.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јовиќ не добиваше голема минутажа во Мадрид па реши да се врати во Ајнтрајт на позајмица, каде блеска уште на првиот меч и постигна два гола.

„Секогаш вината е моја, секогаш. Меѓутоа, тешко е да се игра за Реал, го искусив тоа како играч. Има моменти кои мора да ги искористиш и да покажеш дека си играч за Реал. Мислам дека не погрешивме кога го купивме и среќен сум за него“.

„Еден ден ќе постигнува многу голови и за Реал Мадрид, сигурен сум во тоа. Меѓутоа, мора да знаете дека не е исто кога играш за Реал или за некој друг клуб“, истакна Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прогноза на ЧатГПТ за натпреварот со Данска: Македонија традиционално игра најдобро кога е потценета!

Во четврток Македонија на гости во Копенхаген ќе игра против Данска во баражот за Светскот…