Дома Фудбал Зидан е непобедлив на „Камп Ноу“

Зидан е непобедлив на „Камп Ноу“

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан нема запишано пораз на гостувањето кај Барселона откако е на клупата на „кралевите“, открива статистиката.

Вечерва се игра големото „Ел Класико“, а Зидан по 5-ти пат ќе го изведе својот тим како тренер против Барселона на „Камп Ноу“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Првото гостување на Зидан на „Камп Ноу“ се случи во сезоната 2015/16, кога „кралевите“ победија со 2:1. Тоа беше слатка одмазда за Мадрид, кој претрпе пораз од 4:0 на „Сантијаго Бернабеу“ претходно истата сезона, под водство на Рафа Бенитез.

Следната сезона, капитенот Серхио Рамос го спаси својот тим и му донесе бод, натпреварот заврши со 1-1, таа година кога Реал Мадрид ја освои титулата во Примера.

Зидан го предводеше составот на Реал Мадрид во шпанскиот Супер куп за прв пат во 2017 година, кога забележаа победа од 3:1 над Барселона во првиот натпревар на „Камп Ноу“.

Последен пат кога Зидан гостуваше на „Камп нон“, Реал Мадрид успеа да дојде до реми 2:2 во сезоната 2017/18.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола го нападна Артета: Следниот пат биди појасен

Пеп Гвардиола побара од Микел Артета да престане јавно да ги изнесува навредливите и неосн…