Дома Фудбал Зидан ги смирува навивачите: Тоа е фудбалот…

Зидан ги смирува навивачите: Тоа е фудбалот…

Реал Мадрид синоќа беше поразен од Реал Сосиедад со 4: 3 и со тоа го заврши настапот во Кралскиот куп.

Кралевите повторно ги разочараа своите навивачите и истите со причина се незадоволни.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Зинедин Зидан истакна дека неговиот тим сега ќе се сврти на домашното првенство.

“Мислам дека не направив грешка со поставата во овој натпревар. Противникот играше добро и знаеше како да не казни. Имавме многу проблеми кога ни правеа притисок, а исто така направивме многу грешки во одбраната. Сите сме во ова заедно, и кога губиме и кога ќе победиме.“ – беше јасен Зидан.

„Тоа е фудбал, сега се свртуваме кон шампионатот“ – додаде тренерот на „Кралевите“.

Од Кралскиот куп синоќа испадна и Барселона, па за прв пат од 2003. година во полуфиналето нема да бидат Реал и Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде: За Модриќ можам да кажам само една лоша работа

Лука Модриќ денес можеби го игра својот последен натпревар за Реал Мадрид. Секој следен би…