Дома Топ вести Зидан ги посочи двете главни трансфер цели на Реал Мадрид

Зидан ги посочи двете главни трансфер цели на Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги определил двете главни трансфер цели на кои раководството треба да работи ова лето.

Според „АС“ тоа се ѕвездата на Челзи, Еден Азар и ѕвездата на Манчестер Јунајтед Пол Погба. Весникот пренесува дека прво најголема желба на Зидан бил Килијан Мбапе од ПСЖ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа од Париз категорично ја отфрлија секоја можност да се разделат со младиот Французин ова лето, па „кралевите“ сметаат дека многу полесно ќе биде да дојдат до потписот на Мбапе во 2020 година.

Ситуацијата на Еден Азар на прв поглед изгледа „поудобна“ за Реал, бидејќи Белгиецот одби да го продолжи договорот со Челзи. Поради тоа „сините“ ќе мораат да се согласат да го продадат за примамлива сума, бидејќи следното лето Азар може да замине без обештетување.

Кога е во прашање Погба, Манчестер Јунајтед не сака да се раздели со Французинот кој е многу важен играч во тимот. Меѓутоа, „кралевите“ веќе оставрија контакт со неговиот менаџер и се спремни да ги понудат Герет Бејл и Тони Крос за да ги убедат „црвените ѓаволи“ да го пуштат Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…