Дома Топ вести „Земјотрес“ во Манчестер – Де Геа јавно се прости од навивачите на Јунајтед!?

„Земјотрес“ во Манчестер – Де Геа јавно се прости од навивачите на Јунајтед!?

Голманот на Манчестер Јунатед, Давид Де Геа ги загрижи фановите откако на социјалните мрежи објави пост кој може да се протолкува како негово заминување од „Олд Трафорд“.

Имено, Давид Де Геа објави фотографија на социјалните мрежи со порака „Благодарам за вашата безусловна поддршка“, а медиумите тоа го протолкуваа како последен поздрав од фановите.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Де Геа пристигна во Јунајтед во 2011-та година од Атлетико Мадрид и од тогаш тој се етаблираше во еден од најдобрите голмани на светот. Познато е дека за неговите услуги подолго време се заинтересирани од Реал Мадрид, а пред две години неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ пропадна буквално во последните минути од летниот преоден рок.

Медиумите тврдат дека многу е веројатно ова лето Шпанецот да се врати во Мадрид, а овај негов пост само ги подгреа шпекулциите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…