Дома Македонски спорт Здравковски: Со Казахстан може да очекуваме мотивирана Македонија, тука сме да го дадеме максимумот

Здравковски: Со Казахстан може да очекуваме мотивирана Македонија, тука сме да го дадеме максимумот

Репрезентацијата на Казахстан ќе биде шести противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство до 21 година.

Првиот натпревар во Скопје иако Македонија имаше повеќе прилики заврши без победник (1:1).

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Пред овој натпревар за медиумите зборуваше еден од најдобрите во младинската репрезентација на Македонија, Давор Здравковски.

“Одигравме добри натпревари, но за нас е важен и клучен секој натпревар затоа што времето е кратко и мора да сме спремни на секој натпревар целта да ни биде три бода. Може да очекуваме мотивирана Македонија, тука сме да го дадеме максимумот за овој дрес што го носиме и ништо друго. Клучна може да биде заедништвото помеѓу нас, мислам дека тоа може да биде нашата најдобра страна“, изјави Здравковски.

Натпреварот помеѓу Казахстан и Македонија се игра во четврток од 13:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…