Дома Фудбал Лига на шампиони Затоа Лигата на шампионите е интересна: Динамо изгуби 9:2, а сега е пред Баерн!

Затоа Лигата на шампионите е интересна: Динамо изгуби 9:2, а сега е пред Баерн!

Фудбалерите на Динамо Загреб изминатата вечер славеа победа од 0:2 против тимот на Салзбург, а херој беше македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кој запиша две асистенции.

По овој триумф на Динамо се дојде и до една интересна ситуација на табелата. Имено, Динамо во првото коло од новата сезона во елитното натпреварување беше декласиран со 9:2 од Баерн Минхен, но сега по три кола тие се пред Баерн.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, Баерн во три кола ја има само победата со хрватскиот гигант, додека Динамо освои бод и против Монако, па има четири бода, бод повеќе баварците.

На табелата во Лигата на шампионите сега Динамо е 22-ри, Баерн едно место подоле.

ТАБЕЛА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал му нуди договор на еден од најважните фудбалери до 2030 година

Арсенал му понуди на стоперот Вилијам Салиба нов петгодишен договор, според кој тој би ост…