Дома Топ вести Започнува распродажба во Барселона

Започнува распродажба во Барселона

Голема плаката „Ликвидација“ веќе стои на прозорецот на канцелариите на Барселона, пишува денес метафорчно весникот „АС“.

Ден после загубеното финале во Купот, Барселона ќе се раздели со тројца фудбалери на кои им истекуваат договорите, Томас Верамелн, Кевин Принц Боатенг и Џеферсон Муриљо.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Потоа следи продажба на голманот Каспер Силесен. Холанѓанецот има клаузула од 60 милиони евра, но Барса е спремна да го пушти за сума помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Малком исто така е на излезна врата и за него интерес покажуваат Тотенхем, Милан и Борусија Дортмумд.

Најмногу Каталонците очекуваат да заработат од продажбата на Филипе Кутињо и Самуел Умтити. Бразилецот пристигна на „Камп Ноу“ за 160 милиони евра со вклучени бонуси, па сигурно Барса за неговата слобода ќе бара најмалку 100 милиони евра.

Умтити имаше слаба сезона поради тешки повреди, па неговата цена драстично падна на трансфер пазарот.

Андре Гомес и Денис Саурез кои беа на позајмица во Евертон односно Арсенал исто така ќе бидат продадени, а на излезна врата е и Рафиња Алкантара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона пронајде засилување, ќе треба да плати 42 милиони евра?

Eкипата на Барселона има проблеми оваа сезона, а една од проблематичните позиции е левата …