УЕФА ги објави цените на билетите за претстојното Европско фудбалско првенство, а истите во продажба ќе бидат пуштени следниот месец.
Најевтините билети се со цена од 30 евра и се за натпревари во Баку, Букурешт и Будимпешта. Најскапите ќе бидат билетите за финалето во Лондон, кои чинат од 85 до 945 евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата фаза од продажбата започнува онлајн на 12 јуни и ќе трае точно месец, во кој треба да бидат продадени 1,5 милиони билети, доколку има поголеми барања билетите ќе се продаваат по принцип на лотарија.
Европското првенство 2020 година ќе се игра во 12 различни градови, отворањето ќе биде во Рим на 12-ти јуни, а финалето ќе се игра во Лондон на 12-ти јули.