Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Занети: Икарди мораше да биде на Мундијалот

Занети: Икарди мораше да биде на Мундијалот

Хавиер Занети одигра 143 натпревар за репрезентацијата на Аргентина и добро знае како е да се биде дел од селекцијата на „Гаучосите“.

Легендарниот Аргентинец е во Русија како потпретседател на Интер, а во разговор со аргентинските медиуми откри што мисли за одлуката на Икарди.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Веќе кажав и претходно, ќе кажам и повторно. Мауро Икарди мораше да биде на Светското првенство. Зад себе имаше фантастична сезона во Интер и Сампаоли направи голема грешка што го изостави“, изјави Занети.

Аргентинците во четврток во 20:00 часот во Нижни Новоград ќе играат против Хрватска во натпревар кој едноставно не смеат да си дозволат да не го победат.

„Тој натпревар е голем тест за Сампаоли. Но Аргентина има одличен тим и треба да им се даде време бидејќи имаа тешко квалификации. Се промени и селекторот, па тешко е преку ноќ се да се смени“, додаде Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…