Лионел Меси можел имал прилика да го избере дресот на селекцијата на Шпанија!
Во интервју за „Канал13“ ѕвездата на Барселона откри дека имал прилика да настапува за репрезентацијата на Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога имав 16 години и учествував на некој трунир во Финска, тренерот на Барселона ми предложи да играм за Шпанија, а Сеск Фабрегас ме убедуваше да го прифатам предлогот. Не сакав да прифатам и не размислував во ниту еден момент“.
„Пријател ми кажа дека би бил шампион на светот доколку сум ја изберел Шпанија, но тоа не би било исто како кога би ја освоил титулата со Аргентина. Тоа би било посебно чуство“, откри Меси.
Аргентинецот потоа ги прокоментира и шансите на неговата селекција на претстојниот Мундијал.
„Имаме квалитетни и искусни играчи, возбуден сум поради тоа. Сепак, морме да одиме натпревар по натпревар. Победа во првиот натпревар е од голема важност“, смета Меси.