Дома Фудбал Англија Заминува и Салах!? Утрово „бомба“ на трансфер пазарот – срушен рекорд, Ливерпул добива 100 милиони…

Заминува и Салах!? Утрово „бомба“ на трансфер пазарот – срушен рекорд, Ливерпул добива 100 милиони…

Во наредните денови ќе се реализира нов голем трансфер во Саудиска Арабија, секако најголемиот досега. Деталите веќе протекоа во јавноста и се чека конечната потврда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мохамед Салах повеќе нема да го гледаме во Европа, исто како и многу негови колеги кои летово заминаа во Саудиска Арабија поради големите понуди.

Салах заедно со Садио Мане и Роберто Фирмино до пред неколку години беа според многумина најдоброто напаѓачко трио, а сега ќе играат во иста лига, но за различни клубови.

Фирмино претходно пристигна во Ал Ахли, Мане во Ал Наср, а сега Салах потпишува за еден од четирите клуба финансирани од фондот ПИФ, кој е во сопственост на саудиското кралско семејство.

Одличниот Египќанец ќе потпише за Ал Итихад, а саудискиот клуб ќе му плати на Ливерпул 100 милиони евра, што ќе биде рекорден трансфер летово, откако Нејмар при доаѓањето во Ал Хилал беше платен 90 милиони.

Секако, и Салах ќе наплати добро. За три години без бонуси ќе заработи дури 200 милиони.

Саудискиот шампион претходно ги доведе Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо, а сега нова голема ѕвезда е Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико Мадрид ќе има најмногу играчи на трето последователно финале на Светското

Ако некој сака да стигне до финалето на Светското првенство, треба да потпише договор со А…