Заврши рокот за пријавување на на Австралија Опен, а се уште не се знае дали Новак Ѓоковиќ ќе учествува.
Сите кои сакаа да учествуваат мораа да им го потврдат своето учество на организаторите до 6. Декември, шест недели пред почетокот на првиот Грен Слем во сезоната. Познато е дека за влез во државата Викторија каде што се одржува Австралија Опен неопходно е да бидете вакцинирани, поради тоа Ѓоковиќ не беше сигурен дали ќе учествува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓоковиќ ако учествува ќе ја брани титулата, но засега тој не открива дали е вакциниран. На прашањата од новинарите одговораше дека тоа е приватна работа, меѓутоа ако сега учествува тоа ќе значи дека е српскиот тенисер се вакцинирал.
„Ќе бидете информирани. Сега нема да одоговрам, тоа можам да ви го кажам“, гласеше последниот одговор на Ѓоковиќ за тоа дали ќе учествува.