Дома Останати Кошарка Заврши регуларниот дел: ГС лидер, Чикаго и Индијана во плејоф!

Заврши регуларниот дел: ГС лидер, Чикаго и Индијана во плејоф!

Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Последните натпревари ја формираа табелата во Источната конференција, односно Индијана и Чикаго ќе играат во плејофот, а Мајами ја заврши сезоната.

НБА сезоната на првото место ја заврши Голден Стејт (67победи, 15 порази), овој тим ја освои Западната конференција и ја обезбеди предноста на домашниот терен во плејофот. На Истокот првото место го освои Бостон.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според пласманот во првото плејоф коло на Истокот ќе играат Бостон-Чикаго, Вашингтон-Атланта, Кливленд-Индијана и Торонто-Милвоки.

На Западот Голден Стејт во првото коло за противник ќе го има Портланд, доколку ги мине Блејзерси во полуфиналето кошаркарите на Голден Стејт ќе играат против подобриот од серијата помеѓу ЛА Клиперс и Јута.

Сан Антониот ќе игра против Мемфис, а веројатно најинтереснната серија ќе биде онаа помеѓу Хјустон и Оклахома, во која еден против друг ќе играат кандидатите за МВП наградата Џејмс Харден и Расел Вестбрук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шпанците жестоко удрија по Јокиќ и српската „Голема тројка“: Никола го следи проклетство, повторно имаат иста дупка

„Проклетството на Никола Јокиќ“ е насловот на текстот на познатиот шпански весник “A…