Дома Топ вести За Пјаниќ повеќе нема место во Барселона

За Пјаниќ повеќе нема место во Барселона

Каталонските медиуми денес потврдија дека новиот претседател Жоан Лапорта веќе го договорил првото засилување за следната сезона.

Имено, Жоржињо Вајналдум веќе потпишал преддоговор со Барселона и на лето ќе пристигне на „Камп Ноу“ како слободен агент.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа значи дека за Миралем Пјаниќ повеќе нема место во тимот и дека на лето ќе мора да си бара нов клуб.

Босанскиот плејмејкер е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви, а со доаѓањето на Вајналдум неговата минутажа додатно ќе се намали.

Барселона има потреба од финансии, па го стави 30-годишниот плејмејкер на продажба. Најсилен интерес за Пјаниќ покажуваат неколку италијански клубови, а и самиот фудбалер сака да се врати во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…