Дома Фудбал За првпат после 40 години: Реал Мадрид без засилување!

За првпат после 40 години: Реал Мадрид без засилување!

Првпат после точно 40 години Реал Мадрид не доведе ниту еден играч во текот на летниот преоден рок.

Шампионот на Шпанија се доведуваше во врска со повеќе фудбалери во претходните месеци. Се споменуваа имиња како Килијан Мбапе, Пол Погба и Усем Ауар, но на крајот никој не го засили тимот на Зидан.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Секако, тука не се сметаат тројцата кои беа вратени од позајмици: Андреј Лунин, бекот Одраизола и играчот за врска Мартин Одегард.

„Кралевите“ на тој начин заштедија пари бидејќи во претходната година потрошија 350 милиони евра на Азар, Лука Јовиќ, Милитао, Менди, Родриго и Реинер.

Од друга страна имаше активности кога во прашање се заминувањата. Од нив клубот од Мадрид ја збогати касата за околу 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Несреќа! Палета падна врз познат босански тренер: Во тешка состојба, докторите се борат за неговиот живот

Мирза Ѓапо, некогашен познат фудбалер и сегашен посветен тренер на младинската секција на …