Веројатно и на навивачите на Реал Мадрид не им е јасно како Хесус Ваљехо се уште е член на Реал Мадрид.
Наскоро Ваљехо ќе наполни 28 години, а во Реал Мадрид е веќе девет сезони иако никогаш не успеа да се избори за стартнот место. Го испраќаа „кралевите“ на позајмици во Гранада, Сарагоса, Ајнтрат и Вулвс, додека во преостанатите сезони беше во тимот и добиваше шанса само кога има проблеми со повреди во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така и оваа сезона во која одигра само десет минути против Алавес. Посебно е интересно што Реал Мадрид при неговото влегување во игра водеше со 0:3, а откако тој влезе на теренот Алавес постигна два гола и дојде на чекор од сензационално враќање.
Не доби шанса Ваљехо во аботниот натпревар кога се повреди Едер Милитао. Тогаш место него Анчелоти на теренот го испрати 21-годишниот Раул Асенсио.
Во пет години во Реал колку што не беше на позајмици одигр 32 натпревари во сите натпреварувања и најголем дел од нив како резерва. Но, може да се пофали со девет трофеи од кои два беа во Лигата на шампионите каде што собра само 205 минути на пет натпревари.
Му се брои и титулата од 2022 година кога одигра само осум минути и тоа три против Шахтјор и пет против Манчестер сити. Тие два натпревари му се сметаат и во вкупно 32 во кариерата во Реал.
Тешко е да се објасни и да се каже како и понатаму е дел од гигантот од Мадрид.